ЕУ има потреба од Ердоган

(Дубаи – Портал) – Написот „Да не ја примиме Турција во ЕУ чиј претседател е Ердоган“ на Еба Буш, претседателот на Демохристијанската партија наиде на остри реакции.

Написот на Буш кој со антитурска пропаганда се обидува да добие гласови на изборите за Европскиот парламент, а кој беше објавен во весникот СВД наиде на големи реакции во друштвените медиуми.

Интернет корисникот Даадир Ликар во коментарот посветен на написот истакна дека Ердоган е најдобриот лидер на светот. Ердоган нема потреба од ЕУ. ЕУ има потреба од Ердоган.

Корисникот Муатх Абудкхадер во коментарот потенцира на економскиот развој на Турција и истакна: „Ве молам малку следете телевизија. ЕУ има потреба од Ердоган. Тој ја разви економијата на својата земја. Турција се стекна со големо значење за европските земји од економски аспект.“

Еден друг корисник на интернет истакнува дека Ердоган е светски лидер потенцирајќи дека Ердоган не е лидер само на Турција, туку истовремено и  лидер на целиот муслимански свет. Муслиманите се свесни за сето она што го прави.

Ајан Мухамед во коментарот истакнува дека „Аллах да ги сочува турскиот народ и претседателот Ердоган. Ердоган не е лидер само на Турција. Тој истовремено е лидер на земја која дотрча на помош на голем граѓаните на број земји во светот“.

Mahir Demişoski