Во соопштението на Фејсбук се наведува дека во последните шест месеци уочиле многу сериозен пораст на лажните профили.
ЊУЈОРК (АА) – Социјалната мрежа Фејбсук го собори рекордот во првите три месеци од 2019 година, така што избриша околу 2,2 милијарди лажни профили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Фејсбук се наведува дека во последните шест месеци уочиле многу сериозен пораст на лажните профили.
Во првите три месеци од 2018 година оваа социјална мрежа избриша 1,2 милијарди лажни профили.
Во претходниот извештај на Фејсбук е наведено дека компанијата секојдневно брише околу милион лажни профили.
По скандалот со „Кембриџ аналитика“ (Cambridge Analyticа), сѐ посилен е притисокот на законодавците и јавноста кон најголемата социјална мрежа. Многумина сметаат дека Фејсбук станал премногу моќна алатка и дека треба да се пронајде начин да се регулира неговото работење.
Извршниот директор Марк Закерберг во април минатата година сведочеше пред американскиот Конгрес и во таа прилика вети поголема транспарентност и одговорност во работењето на социјалната мрежа.
На цел на лажните профили се и другите социјални сервиси, како Твитер и Јутуб.
Студијата објавена од Универзитетот „Оксфорд“ во 2017 година покажа дека ботовите на социјалните мрежи се многу моќна алатка во манипулација и креирање политички ставови.










