(Дубаи – Портал) – Пратеникот од редовите на СДСМ и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, објави дека се повлекува од пратеничката функција.
Неговата објава ја соопштил за време на седницата на Комисијата каде на двневен ред е дискусија околу одземањето на мандатот на Никола Груевски. По објавувањето на оставката седницата на комисијата ја води заменичката Снежана Калеска Ванчева.
“Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде последен глас од мене во Собранието”, рече Богоевски
Ова доаѓа по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател кој боледува.
Mahir Demişoski










