Во соопштението на израелската војска се наведува дека рибарската зона за рибарите во Газа е намалена од 15 на 10 наутички милји.
(Дубаи – Портал) – Израел на рибарите во Газа ја намали рибарската зона на 10 наутички милји, а како причина се наведени балоните со запалив материјал од Појасот Газа, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека рибарската зона за рибарите во Газа е намалена од 15 на 10 наутички милји.
Кажано е дека одлуката е донесена поради балоните со запалив материјал кои од Газа се пратени на израелската страна, каде што се предизвикани пожари.
Тел Авив, по пишувањата на локалните медиуми дека е постигнат договор со Хамас, донесе одлука за проширување на рибарската зона за рибарите од Газа од 12 на 15 наутички милји.
Израел, Појасот Газа, во кој живеат околу 2 милиона Палестинци, од 2006 година го држи под копнена, морска и воздушна блокада. Податоците на Синдикатот на палестинските рибари покажуваат дека во Газа со рибарство се занимаваат околу 4 илјади лица.
Mahir Demişoski










