Врховната изборна комисија на Турција (YSK) денес ги објави и конечните резултати од локалните избори во Турција кои се одржaa на 31 март оваа година.
АНКАРА (AA) – Врховната изборна комисија на Турција (YSK) денес ги објави и конечните резултати од локалните избори во Турција кои се одржaa на 31 март оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните резултати од изборите за градоначалници, Партијата на правдата и развојот (AK Parti) освои 54,76 отсто од гласовите, Републиканската народна партија (CHP) 17,71, Партија на националното движење (MHP) 17,20, Народната демократска партија (HDP) 4,21, ИЈИ партија (İYİ Parti) 1,77 и Саадет (Saadet Partisi) партија 1,55 отсто од гласовите.
Освен тоа, официјалните резултати од изборите за градоначалници покажаа дека во големите градови, односно во метрополите, Партијата на правдата и развојот освоила 51,72 отсто од гласовите, Републиканската народна партија 34,48, Партијата на националното движење 3,45 и Народната демократска партија 10,34 отсто.
Врховната изборна комисија на Турција на 6 мај поради одредени нерегуларности и незаконитости донесе одлука за повторување на локалните избори за градоначалник на Истанбул.
Повторените избори за градоначалник во Истанбул ќе се одржат во недела на 23 јуни.










