Советот на ЕУ соопшти дека е усвоена уредбата за забрана за употреба на пластични производи кои најмногу се наоѓаат на бреговите и во морињата како пластичен отпад.

БРИСЕЛ (AA) – Советот на Европската Унија (ЕУ) ја одобри уредбата со која од 2021 година се забранува употреба на пластични производи за еднократна употреба, јавува Anadolu Agency (AA).

Советот на ЕУ соопшти дека е усвоена уредбата за забрана за употреба на пластични производи кои најмногу се наоѓаат на бреговите и во морињата како пластичен отпад.

Во согласност со тоа, пластичните производи за еднократна употреба за кои постои алтернативно решение, од 2021 година ќе бидат повлечени од пазарот.

Пластичните стапчиња за уши, пластичен есцајг, сламки, лажици, држач за балони и затворачи нема да бидат користени во земјите на Европската Унија.

Одлуката претходно ја одобри Европскиот парламент.