„Против Брентон Тарант е подигнато обвинение за извршен терористички акт во согласност со точката 6А од Законот за спречување на тероризам, усвоен во 2002 година“.
ВЕЛИНГТОН (АА) – Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека за Брентон Тарант, напаѓачот на двете џамии во градот Крајстчрч, подготвила досиеја во кои тој, покрај обвиненијата за убиство, вооружен напад и ранување, во согласност со Законот за спречување на тероризам, усвоен во 2002 година, ќе му се суди и за терористички акт, јавува Anadolu Agency (AA).
По заедничката средба на полицијата, Кралската адвокатска канцеларија на Нов Зеланд и Кралското адвокатско биро на Крајстчрч, донесена е одлука според која „Против Брентон Тарант е подигнато обвинение за извршен терористички акт во согласност со точката 6А од Законот за спречување на тероризам, усвоен во 2002 година“.
– Доколку биде осуден, ќе добие доживотна казна затвор –
Доколку Тарант биде осуден, ќе биде осуден на доживотна казна затвор.
Претставниците на полицијата информираа дека откако на 2 мај во болница почина турскиот државјанин кој беше ранет во терористичкиот напад, на Тарант ќе му се суди за 51 убиство.
Во терористичките напади што Брентон Тарант на 15 март ги изврши во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч, животот го загубија 51 лице, а 49 беа ранети.









