Објавено е видео во кое се гледа целиот немил настан. Снимката го прикажува поранешниот гувернер на Калифорнија додека стои и ги снима децата на спортски настан во Јохансебург, а маж со нога го удира од зад грб. Шварценегер падна, но човекот набргу беше фатен од обезбедувањето.

Актерот подоцна на Twitter објави:

„Благодарам за грижата, но нема причина за загриженост. Мислев дека некој ме турна, што често се случува во метеж. Сфатив дека ме удри кога го погледнав видеото. Драго ми е што идиотот не го прекина мојот Snapchat“.

Ова се случи на „Arnold Classic Africa“ настанот, кој покрива десетина спортски и фитнес активности. Во соопштението на организаторите се наведува дека напаѓачот ѝ е познат на полицијата за организирање слични инциденти.

Актерот потврди дека нема намера да го тужи насилникот.