Меѓу загинатите има и чувари на затворот, но и припадници на терористичката организација ДЕАШ.

АНКАРА (АА) – Најмалку 32 лица загинаа во немирите што избија вчера во затвор во Таџикистан. Меѓу загинатите има и чувари на затворот, но и припадници на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заменикот-министерот за правда на Таџикистан, Менсурџон Умаров, за новинската агенција „Киргиз АКИ Прес“ изјави дека тројца затворски чувари и 29 осуденици се убиени во текот на немирите. Биле убиени околу 21 часот во затворoт со висок степен на безбедност во градот Вахдат, на 15 километри југоисточно од Душанбе, главниот град на поранешната советска република.

Локалните жители истакнуваат дека виделе неколку амбулантни, полициски и противпожарни возила кои се движеле кон затворот.

Извештаите велат дека немирите биле поттикнати од припадник на терористичката организација ДЕАШ, кој се наоѓал во затворот.

Најмалку 34 други затвореници биле притворени со употреба на огнено оружје, пукотница која траела околу 30 минути.

Приватната новинска агенција „Азија-Плус“ со седиште во Душанбе објави дека тројца затворски службеници загинале за време на немирите, откако ослободиле 8 припадници на ДЕАШ од изолациска ќелија.