Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција и Русија заедно ќе го произведуваат против-воздушниот и антибалистички систем С-500.
Купувањето на системот С-400 предизвика тензии меѓу Русија и САД. Вашингтон ја предупреди Анкара дека постои можност од воведување на санкции доколку се оствари тој договор.
САД сметаат дека договорот за купувањето на С-400 представува закана за западните земји. Вашингтон побара од Турција да избира помеѓу рускиот систем и американските борбени авиони Ф-35, кои исто така и се потребни на Анкара.
САД веднаш после тоа ја суспендираа испораката на опрема поврзана за Ф-35 на Турција бидејќи таа се определи за рускиот систем.
Ердоган изјави дека Турција порано или подоцна ќе ги добие американските авиони.











