Рака е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а локалните медиуми наведуваат дека во текот на ноќта дошло до експлозија во центарот на Рака, поточно во зграда која ја користеле терористи, и во воениот полициски центар.
(Дубаи – Портал) – Во две експлозии во сириска Рака загинаа најмалку 20 терористи на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Рака е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а локалните медиуми наведуваат дека во текот на ноќта дошло до експлозија во центарот на Рака, поточно во зграда која ја користеле терористи, и во воениот полициски центар.
Се претпоставува дека нападите се изведени со помош на возило на кое била монтирана експлозивна направа.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја поддржуваат Соединетите Американски Држави (САД), под контрола држи околу 28 отсто сириска територија, вклучувајќи и неколку територии богати со нафта.
Во својата кампања на терор против Турција, која трае повеќе од 30 години, ПКК е одговорна за смрт на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои се многу жени и деца. ЈПГ/ПКК е нејзин сириски огранок.
Mahir Demişoski










