(Дубаи – Портал) – Баерн Минхен е шампион на Германија по 7-ми пат по ред. Во последниот 34-ти круг на Бундеслигата, Баварците го победија Ајнтрахт Франкфурт со 5-1.

Дури и реми ќе беше доволно за шампионите, но со силната игра тие не оставија сомнеж во нивната супериорност.

Баварците собраа 78 поени, што е доволно за 29-та титула во историјата на клубот.
Средбата беше проштална за легендите Франк Рибери, Ариен Робен и Рафиња, кои го напуштаат Баерн по крајот на сезоната.

Mahir Demişoski