Повеќето возачи, при запирањето се подготвувале за документи, но останале по малку изненадени кога сообраќајците не барале возачка дозвола и сообраќајна, туку ги прашале „Сакате ли да одиме на ифтарска вечера заедно?“

ЕРЗИНЏАН (AA) – Постојат многу примери кои потврдуваат дека Рамазан не е само време кога муслиманите се воздржуваат од јадење и пиење, туку дека тоа е месец и на радоста и споделувањето, со други зборови, тоа е месец кој има еден потполно поширок општествен контекст. Уште еден таков пример се случи во турскиот град Ерзинџан, каде што припадниците на жандармеријата во тој град организирале ифтар, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на сообраќајниот оддел на турската жандармерија ги запирале автомобилите на патната релација Ерзинџан – Ерзурум.

Повеќето возачи, при запирањето се подготвувале за документи, но останале по малку изненадени кога сообраќајците не барале возачка дозвола и сообраќајна, туку ги прашале „Сакате ли да одиме на ифтарска вечера заедно?“

Многумина не можеле да го одбијат овој повик, освен оние кои имале претходно закажани семејни ифтари. Им било покажано паркинг-место каде што можеле да ги остават автомобилите, а потоа заедно присуствувале на ифтар со припадниците на жандармеријата.

Mahir Demişoski