(Дубаи – Портал) – Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, денес рече дека не верува дека во регионот ќе има војна, бидејќи Техеран не сака конфликт и ниту една земја нема “идеа со која би можела да се соочи со Иран”, објави државната новинска агенција ИРНА.

Тензиите ескалираа во последниве денови, со зголемена загриженост за потенцијалниот конфликт меѓу САД и Иран. Претходно оваа недела САД повлекоа одреден дипломатски персонал од нивната амбасада во Багдад, по нападите во текот на викендот на четирите танкери на нафта во Заливот.

“Нема да има војна, бидејќи ние не сакаме војна, и нема земја која има идеја за да може да се соочи со Иран во регионот”, рече Зариф за ИРНА пред да ја заврши својата посета на Пекинг.

Mahir Demişoski