Saturday, July 25, 2026
Home Свет Приштина: Разбиен синџир на трговија со човечки органи

Приштина: Разбиен синџир на трговија со човечки органи

145
0

(Дубаи – Портал) – Во полициска акција во Приштина и околината уапсени се четири лица осомничени за кривично дело„противзаконска трансплантација и трговија на човечки органи“.

Според косовските медиуми Дирекцијата за истрага за трговија со човечки органи синоќа спровела полициска операција во чии рамки е претресена една приватна клиника во регионот на Приштина, при што се уапсени 4 лица.

Во текот на полициската операција како материјални докази се запленети копии од здравствени досиеја , книги со податоци и други документи, е објавено на сајтот на Косовската полиција.

Mahir Demişoski