(Дубаи – Портал) – Спогодбата за формирање на Турската трговска и индустриска комора под покривот на Турскиот совет, беше потпишана на состанокот на Турскиот деловен совет кој се одржа во главниот град на Казахстан Нур-Султан, а во рамките на 12. Економски форум од Астана.
Турција, Казахстан, Азербејџан и Киргистан формираа заедничка „Турска трговска и индустриска комора“.
Спогодбата за формирање на Турската трговска и индустриска комора под покривот на Турскиот совет, беше потпишана на состанокот на Турскиот деловен совет кој се одржа во главниот град на Казахстан Нур-Султан, а во рамките на 12. Економски форум од Астана.
На церемонијата на потпишување на спогодбата што се одржа под претседателство на генералниот секретар на Турскиот совет Багдат Амреев, присуствуваа казахстанскиот премиер Аскар Мамин, претдседателот на Унијата на Турските комори и берзи (ТОББ) Рифат Хисарџиклиоглу, претседателот на Комората на националните претприемачи Атамекен на Казахстан Абилај Мирзахметов, претседателот на Организациите на конфедерацијата на националните претприемачи на Азербејџан Мамад Мусаев и потпретседателот на Трговската и индустриска комора на Киргистан.
Турската трговска и индустриска комора има за цел да ги интензивира економските односи и меѓусебната трговија меѓу земјите членки на Турскиот совет.
Mahir Demişoski
