Хакери ја нападнаа страницата на израелскиот јавен сервис за време на преносот на Евросонг

by Administrator

Генералниот директор на КАН во изјава за едно израелско радио изјави дека за само неколку минути по нападот е воспоставена контрола над интернет-страницата и изнесе тврдење дека зад овој напад се крие Хамас.

(Дубаи – Портал) – Интернет-страницата на израелскиот јавен сервис КАН синоќа беше цел на хакерски напад за време на емитувањето на полуфиналето од музичкиот натпревар на националните радиотелевизии на Европа, попознат како Евросонг, кој оваа година се одржува во Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Израелскиот весник „Ерусалим пост“ објави дека хакерите упаднале на страницата на КАН, го прекинале преносот на натпреварот, а потоа заедно со логото на израелската Војска ја објавиле пораката „Ризик од ракетен напад, одете во засолништата“ и „Израел не е сигурен, во тоа ќе се уверите“.

Од КАН наведуваат дека хакерите успеале да го блокираат емитувањето преку веб-страницата, додека кај емитувањата преку телевизија не се забележани никакви пречки.

Генералниот директор на КАН во изјава за едно израелско радио изјави дека за само неколку минути по нападот е воспоставена контрола над интернет-страницата и изнесе тврдење дека зад овој напад се крие Хамас.

Во Тел Авив синоќа беше одржано полуфиналето на 64. Евросонг, а финалниот дел од натпреварот ќе биде одржан во четврток.

Пред синоќешниот натпревар, во Тел Авив се собра група израелски активисти за човекови права кои со бојкот на Евросонг сакаа да укажат на израелската блокада на Појасот Газа.

Mahir Demişoski

You may also like