(Дубаи – Портал) – Ердоган и Путин се согласија дека треба да се состави работна група на северозападниот дел на Сирија, што е можно поскоро.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласија дека треба работната група за северозападниот дел на Сирија да се состане што е можно побрзо, рече турскиот министер за надворешни работи, денес.
Додека пак од Обединетите Нации велат дека, една неодамнешна офанзива во Идлиб и околните области од страна на сириската армија и нејзините сојузници, поддржани од Русија, протерале повеќе од 150.000 луѓе, додека спасувачките екипи и цивилната одбрана велат дека повеќе од 120 цивили се убиени.
Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека нападите на сириските владини сили ги оштетуваат изгледите за формирање комитет спонзориран од ОН за изготвување на нов сириски устав.
Mahir Demişoski









