(Дубаи – Портал) – Тројца цивили загинаа, а седум беа повредени во нападот од страна на силите на режимот, извршен за време на суфур во населените места во границите на зоната за деескалација во Идлиб, Сирија.
Тројца цивили загинаа, а седум беа повредени во нападот извршен за време на суфур во населените места во границите на зоната за деескалација во Идлиб, Сирија, од страна на силите на режимот кои се состојат од Војската на Асадовиот режим во Сирија и странските терористички групи поддржани од Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, силите на режимот за време на суфур извршиле минофрлачки, артилериски и ракетен напад во селото Кефер Даел, кое се наоѓа во западното рурално подрачје на Алепо, во рамки на границите на зоната за деескалација во Идлиб.
Според извори од Цивилната одбрана, како резултат на нападот животот го загубиле тројца цивили, а 7 цивили биле повредени.
Mahir Demişoski










