(Дубаи – Портал) – Арјен Робен кој е на прагот на заминувањето од Баерн Минхен, се надева на уште 5 години играње на фудбалските терени, каде ги истакна многу те прилики во Европа, а ја исклучи можноста за трансфер во Кина.

Арјен Робен има опции да размислува во и надвор од Европа додека се подготвува да го напушти Баерн Минхен, при што ветеранот истакна дека има уште “четири или пет години” пред крајот на неговата кариера.

На 35-годишна возраст, тоа е храбар потег од поранешниот холандски интернационалец.

Сепак, тој е отворен за нови предизвици кои би можеле да го убедат да ја зголеми кариерата кон својот 40-ти роденден.

Постои мислење дека проблемите со повреди кои го следеле во последно време може да ги скротат тие планови, но Робен нема намера да се откаже од фудбалските копачки во скоро време.

За Кикер истакна: “Сеуште сакам да играм, но важно е дека немам нови пет месеци со повреда или неколку помали повреди.

“Можам да играм уште четири или пет години, но само без повреда”.

Тој исто така истакна дека работи на план како да ја задржи кондицијата и амбицијата со која би продолжил да игра во наредните 5 години

Тој додаде: “Јас сум навикнат да играм на највисоко ниво, за титули, низ целата моја кариера.

“Не знам дали би можел да се замислам во тим, кој се бори за седмо или осмо место”.

Додека, во интервју за ESPN изјави:

Отсекогаш сум играл на високо ниво, за големи клубови. Имам многу можности после заминувањето. Кина? Нема шанси. Нема да заминам таму, тврдам со сигурност.

Mahir Demişoski