Повторените избори за градоначалник во Истанбул ќе се одржат во недела, 23 јуни.

(Дубаи – Портал) – Врховната изборна комисија на Турција (YSK) денес го одби барањето на опозициските Републиканска народна партија (CHP) и Партијата ИЈИ (IYI) за повторување на изборите за градоначалници на истанбулските општини, како и на минатогодишните претседателски и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Изборната комисија на Турција претходно донесе одлука за повторување на локалните избори за градоначалник на Истанбул. Повторените избори за градоначалник во Истанбул ќе се одржат во недела, 23 јуни.

На денешната седница, Врховната изборна комисија како неосновано го одби барањето на овие партии.

На седницата на Комисијата одржана на 6 мај со мнозинство гласови (7:4) беше прифатена жалбата на Партијата за правда и развој (AK Parti), која се однесуваше на одредени нерегуларности и незаконитости на изборите за градоначалник на Истанбул одржани на 31 март.

Mahir Demişoski