Обвинителите во Анкара издадоа налог за приведување на 64 лица осомничени за тероризам, кои се дел од терористичката организација ФЕТО.
(Дубаи – Портал) -Турските безбедносни сили денес од слобода лишија десетици поранешни полициски службеници поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, група која стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори соопштија дека 46 поранешни полициски службеници биле приведени во операција спроведена на ниво на цела Турција.
Обвинителите во Анкара претходно издадоа налог за приведување на 64 лица осомничени за тероризам, кои се дел од терористичката организација ФЕТО.
Полицијата е во потрага по останатите лица.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзини припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Mahir Demişoski










