„Растот на кризата меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран значи катастрофална војна, во која ќе изгори сè, и сувото и суровото“
(Дубаи – Портал) -Лидерот на Движењето Национална мудрост на Ирак, Амар ел Хеким, истакна дека кризата меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран ќе има негативни ефекти, а една од веројатностите е да се стигне до катастрофална војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хеким, во изјавата за локалните медиуми при неговата посета на Кувајт, предупреди дека Иран нема да прифати да влезе во оган и дека запирањето на извозот на нафта ќе има сериозни последици.
„Растот на кризата меѓу Иран и САД рефлектира голема загриженост во регионот. Особено САД, од фаза на притисок кон Иран, поминаа во фаза на задушување“, нагласи Хеким.
Тој предупреди за ескалацијата на тензиите меѓу двете земји и рече: „Растот на кризата меѓу САД и Иран значи катастрофална војна, во која ќе изгори сè, и сувото и суровото“.
Лидерот на Движењето Национална мудрост истакна дека во овој случај Кувајт може да игра важна улога во ублажување на овие тензии, и дека не сака Ирак да биде подрачје на несогласувања, туку да биде подрачје на мирот.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во изјавата дадена на 5 мај рече дека носачот на авиони „Абрахам Линколн“ заедно со оперативна група за офанзива е испратен во Заливот. Болтон ова го опиша како „јасна и дефинитивна порака“ за иранската Влада.
Mahir Demişoski










