Денеска започна најголемата воена вежба во Турција, „Морски волк-2019“ (Denizkurdu-2019), која се одвива во источниот Медитеран, Егејското и Црното Море.

(Дубаи – Портал) -Денеска започна најголемата воена вежба во Турција, „Морски волк-2019“ (Denizkurdu-2019), која се одвива на три мориња, јавува Anadolu Agency (AA).

Од турскиот Генералштаб соопштуваат дека вежбата, со која раководи турската морнарица, ќе трае до 25 мај и ќе се одвива во источниот Медитеран, Егејското и Црното Море. Во вежбата ќе учествуваат 131 воен брод, 57 воени авиони и 33 хеликоптери.

Турските поморски сили ќе спроведат стратегиска и оперативна вежба со сценарија за кризни и воени ситуации.

Во воената вежба се вклучени и домашните системи за оружје, како и беспилотното леталo со голема брзина ШИМШЕК (ŞİMŞEK) и јуришните чамци „Албатрос“ (Albatros).

Исто така, во вежбата ќе учествуваат и подморници, фрегати, поморска артилерија, вооружени беспилотни летала, како и единици за пребарување и спасување.

Mahir Demişoski