Албанскиот премиер Еди Рама го осуди однесувањето на демонстрантите кои ги гаѓале полицајците и државни институции со молотови коктели и петарди.
Како што наведил, со овој чин “Албанија е оштетена”.
Тој на прес-конференција за новинари изјави дека го поддржува однесувањето на полицијата за време на протестите, како што рече, “две три секунди кога полицијата морала да ги користи пендреците”, објави АП.
Рама потсети на протестите од 2011 година кога на власт била сега опозициската Демократска партија, при кои припадници на Националната гарда убија четворица поддржувачи на Социјалистичката партија на Рама.
“Ние не сме тие”, изјавил Рама.
Во меѓувреме, американската амбасада во Албанија и Организацијата за стабилност и соработка во Европа го осудија насилството на протестите, додека канцеларијата на ЕУ во Тирана апелираше на смирување на ситуацијата и ги повика демонстрантите и нивните политички водачи да покажат “одговорност и воздржаност”.
“Различните политички ставови треба да се решаваат преку дебата и дијалог”, соопштила канцеларијата на ЕУ.











