Израелските сили во областа Северен Агвар, на истокот на Западниот брег, приведиле седум палестински новинари, меѓу кои е и камерманот на Анадолија, како и еден активист за човекови права.
Очевидци тврдат дека израелските сили им ги одзеле личните документи и ги однеле во штаб.
Приведени се репортерите Халид Бедир, Хазим Насир, Махмуд Февзи, Сади Церарга, Ранин Савафт, Шеца Хамад и камерманот на Анадолија АА Хисам Абу Сакра како и активистот Фарис Ках.
Израелската страна не сподели информации за причините за притвор.
Претходно, Абу Сакра изјави дека сакале да ја снимаат евакуацијата на 15-те семејства од Хирбет Химс ел-Фуга, ама во тоа биле спречени од страна на израелските војници посочувајќи им на новинарите дека станува збор за затворена воена зона.
Сојузот на палестинските новинари го осуди притворањето на новинарите и активистите, и ги повика ОН да преземат чекори за нивно ослободување.











