(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган рече: “Нашите мајки од кои ги учиме љубовта, почитта, солидарноста, споделувањето и толеранцијата, се нашата најголема сила во воспоставувањето на радоста и спокојството во нашата земја”.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод Денот на мајките го честиташе овој ден на мајките кои се симбол на милоста и самопожртвуваноста, кои ги сакаат и штитат под своите крилја своите чеда под секакви услови.
Ердоган рече: “Нашите мајки од кои ги учиме љубовта, почитта, солидарноста, споделувањето и толеранцијата, се нашата најголема сила во воспоставувањето на радоста и спокојството во нашата земја.”
Нагласувајќи дека мајките со нивните срца исполнети со трпение, толеранција и љубов одигруваат значајна улога во воспоставувањето на спокојството и мирот во општествениот живот, претседателот Ердоган ја изнесе следната констатација: “Нашите мајки од кои ги учиме љубовта, почитта, солидарноста, споделувањето и толеранцијата, се нашата најголема сила во воспоставувањето на радоста и спокојството во нашата земја. Ние сме претставници на една култура и традиција кои веруваме дека рајот е под нозете на мајките, ги прифаќаме мајките за круна на нашите глави, велиме ‘не постои сакана колку мајката’, го земаме за основа почитувањето кон мајката и мајчинството го сметаме како најисклучителен степен во светот. Со ова сфаќање и во наредниот период ќе продолжиме да работиме со одлучност за да би ги израдувале нашите мајки, за да би се појавила насмевка на нивните лица и за да би биле уште повеќе подобрени нивните услови за живот.
Нашите мајки кои се нашите најмили, нашите први учители, први заштитници, нашето засолниште, нашата сила, да не ги заборават довите (молитвите) за добрина за нашата земја, нашиот народ, нивните деца. Им го честитам денот на мајките на сите наши мајки кои своите животи им ги посветуваат на своите семејства, кои секогаш го заслужуваат најголемото почитување, и со милост и благодарност до сите наши мајки кои се преселиле во ахиретот (починале).”
Mahir Demişoski










