Мухамед Салах целосно закрепна од повредата и денеска се враќа во игра за Ливерпул против Волверхамптон во последното коло на англиската Премиер лигата.

ЛОНДОН (АА) – Мухамед Салах целосно закрепна од повредата и денеска ќе игра за Ливерпул, на натпреварот од последното коло во Премиер лигата на Англија против Волверхамптон, потврдија од редовите на финалистите во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).

Натпреварот ќе се игра од 16:00 часот на „Енфилд“, и доколку победи Ливерпул, а Манчестер сити потфрли на гостувањето кај Брајтон, „редсите“ би станале шампиони на Англија, првпат по 29 години.

Салах, кој поради повредата го пропушти реванш-натпреварот од полуфиналето од Лигата на шампиони против Барселона (4:0), е прв стрелец во Премиер лигата со 22 гола. Доколку и по денешните натпревари остане прв стрелец на англискиот шампионат, ќе стане првиот фудбалер на Ливерпул кој тоа успеа да го направи две сезони по ред.

Фудбалерите на Ливерпул на 1 јуни на стадионот „Метрополитано“, во Мадрид, во финалето на УЕФА Лигата на шампиони ќе играат против Тотенхем.