Робен и Рибери го напуштаат Баерн,ама кариерите ќе ги продолжат во ист клуб?

0
352

На Робен и Рибери на крајот од оваа сезона им истекуваат договорите со Баерн и потврдено е дека нема да ја продолжат соработката и дека ќе го напуштат шампионатот на Германија во текот на летото.

Холанѓанецот и Французинот ги поминаа најдобрите денови во германскиот клуб, а со Баерн освоија се што можат. Сепак, јасно е дека кон крајот на своите кариери и игрите на високо ниво, повеќе не се за нив.

Сепак, Робен и Рибери рекоа дека сé уште нема да ја завршат својата кариера и дека сигурно ќе најдат нови клубови во текот на летото. Интересот за двајцата е голем, а повеќето од клубовите се надвор од Европа.

Но, германскиот Билд денес објави неверојатна вест дека Робен и Рибери би можеле да ја продолжат својата кариера во ист клуб. Имено, Галатасарај покажа интерес за двајцата и дека веќе им испратиле понуди.

Турскиот гигант сака да донесе двата легендарни играчи во своите редови и тие се подготвени да ги исполнат сите нивни услови во врска со договорот.

Сепак, ќе биде интересно да се види дали ќе го прифатат, бидејќи се шпекулира дека Робен ќе ја продолжи својата кариера во Америка, додека Рибери би можел да отпатува далеку до Австралија. Но, сигурно ќе биде прекрасно да ги гледаме во Европа најмалку уште една сезона.