Илјадници луѓе маршираа денес низ центарот на Лондон, барајќи да се заврши израелската окупација на палестинската земја и блокадата на Појасот Газа.
Демонстрантите извикуваа: “Слобода на Палестина” и “Крај на опсадата на Газа”, и носеа транспаренти со пораки за поддршка на Палестинците.
Маршот започна во Portland Place, а учесниците поминале низ Oxford Circus и Trafalgar Square за да дојдат до Даунинг стрит каде што се наоѓа британската влада.
Ahed al-Tamimi, иконата на палестинскиот отпор била меѓу демонстрантите кои биле на протестот,кои ја организираа Палестинска кампања за солидарност и Коалицијата за прекин на војната.

– Нема да бидеме жртви. Ќе продолжиме да се бориме “, изјави Ал-Тамими.
Маршот преку Твитер го поддржа и Џереми Корбин, водач на опозициската Лабуристичка партија.
“Не можеме да стоиме и молчиме за континуираното ускратување на правта и правдата на палестинскиот народ”, порачал Корбин.










