Тепачка во парламентот на Хонг Конг (Видео)

0
151

Во парламентот на Хонг Конг денес избувна хаос, кога приврзаниците и противници на контроверзните измени на законите за екстрадиција се судрија на влезот во салата.

Најмалку еден пратеник беше однесен на носила, додека се онесвестил во текот на утринската тепачка, во која пратениците се туркале и удирале еден на друг меѓу собраниските маси и столчиња, како и во холот пред салата.

Предложените амандмани биле критикувани како намалување на судската независност на оваа полуавтономна кинеска територија преку олеснување на екстрадицијата на осомничените во кривични дела во Кина, каде што тие би можеле да се соочат со неодредени обвинувања за национална безбедност и неправедни судски процеси.

Според рамката “Една земја, два системи”, на Хонг Конг му било гарантирано правото да го задржи својот социјален, правен и политички систем 50 години откако Велика Британија ја предаде на Кина ова територија во 1997 година. Сепак, кинеските власти сè повеќе го прекршуваат овој договор и туркаат непопуларни правни промени.

Измените на законот ќе го лишат Парламентот на правото да ги испита индивидуалните одлуки на извршната власт за екстрадиција.

Тие, исто така, би можеле да ја отворат вратата за понатамошни мерки против граѓанските слободи, како што се законите против субверзијата.

Извор:http://ba.n1info.com