Осудената руска агентка Марија Бутина префрлена е од затворот во Александрија, во американската држава Вирџинија, и моментално е непознато каде се наоѓа.
Информацијата беше објавена од страна на нејзиниот адвокат Роберт Дрискол за агенцијата ТАСС.
“Ја контактирав власта, не е таму (во Александрија)”,изјавил Дрискол, додавајќи дека само може да се нагаѓа во моментот каде се наоѓа.
Бутина беше уапсена во Вашингтон на 15 јули минатата година и беше обвинета за дејствување како странски агент во САД без да ги пријави своите активности.
Таа се изјасни за виновна за судењето на 13 декември, а потоа осудена на 18 месеци затвор.
На барање на агенцијата, американското Федерално биро за затвори одговори дека Бутина би требало да биде на слобода на 5-ти ноември.
Таа вчера дала интервју за “Nešenel pablik rejdio” (NPR) велејќи дека и била чест да и помогне на Русија, дека нејзините активности не се тајни и дека нејзината цел е да ги приближат Русија и Соединетите Американски Држави.
Бутина додаде дека се кае што не се пријавила како агент на странска држава во САД и што нејзиниот случај доведе до ново заострување во односите меѓу Москва и Вашингтон.











