Американски брод впловил во територијалните води на Венецуела

0
128

Американски брод впловил во територијалните води на Венецуела, ама после преговори го сменил курсот соопштила воената морнарица на Венецуела.

Брод на американскиот крајбрежната стража USCG James бил забележана на 8.мај како ја преминува економската зона на Венецуела.

Следниот ден, бродот го сменил курсот и се приближувал кон пристаништето Гуаира (државата Варгас, северно на земјата) на растојание од 14 милји. Во пресрет му тргнал венецуелски воен брод и го натерал да го смени правецот.

“После преговорите преку радио врска, бродот го смени курсот и ги напушти нашите води”, се вели во соопштението на морнарицата на Венецуела , пренесува Спутник.

Извор:(Vijesti.ba / NN)