Турскиот претседател ги повика сите земји да бидат почувствителни за Палестина и Ерусалим и да преземат поефикасни мерки
Ние сме членка на НАТО. Ако е така, тогаш не можеме да дозволиме други членки да прават неправда кон нас, изјави вечерва турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, објави агенцијата Анадолу.
Тој, исто така, потсети дека Турција е земја која примила најмногу бегалци.
– Сакаме да ги подобриме нашите односи со нашите сојузници на начин кој одговара на духот на сојузот. Ние сме членка на НАТО. Ако е така, тогаш не можеме да дозволиме други членки да прават неправда спрема нас – истакнал Ердоган.
Исто така, тој допрел и до членството во ЕУ.
– Членството во ЕУ е стратешка надворешна политика на Турција, но ЕУ се обидува да нè измами – изјавил Ердоган.
Турскиот претседател ги повика сите земји да бидат посензитивни кон Палестина и Ерусалим и да преземат поефикасни мерки.
Ердоган, исто така, рече дека Турција претрпе многу поради тероризмот и има значително искуство во борбата против него.
– Поради оваа причина, покажуваме големи напори за мобилизирање на светот во борбата против тероризмот и радикализацијата, што е нераскинлив дел од тероризмот – истакна турскиот претседател.
Осврнувајќи се на двојните стандарди во борбата против тероризмот и зголемувањето на екстремистичките движења, Ердоган истакна дека терористичката група ПКК / ЈПП толерира, па дури и “подржува” низ цела Европа.
“Десетици илјади камиони со оружје, возила и опрема се доставуваат бесплатно на терористичките групи во северна Сирија, и ние се бориме против нив”, рече тој.
Ердоган изјави дека Анкара наскоро ќе ги расчисти границите на Сирија со Турција од терористи, што ќе создаде услови за околу четири милиони Сиријци кои ќе се вратат во своите домови.










