Во петокот, за време на рутинската сообраќајна контрола на автопатот во Прекмурје, во североисточниот дел на земјата, во комби возило полицијата открила еден милион и половина нерегистрирана готовина…
… и ги конфискувала, објави мариборскиот весник “Вечер”, повикувајќи се на неофицијални извори.
Бидејќи странците, чие државјанство не е познато, не можеле да го објаснат изворот на парите, полицијата им ги запленила.
Според царинските регулативи на ЕУ, патниците кои патуваат до или од ЕУ во трети земји мора да известат пријават,готовина над 10.000 евра, што странците во овој случај не го сториле тоа.
Како наведува мариборскиот весник, евробанкнотите биле спакувани во картонски кутии во комбето, и во оваа прилика, бидејќи готовината била многу повеќе од вообичаените незаконски износи во слични случаи, локалната банка морала да позајми автоматска машина за броење на готовината, објави Хина .









