Во Тунис потона чамец со мигранти: Загинаа 70 лица

by Administrator

Најмалку седумдесет лица го загубија својот живот како резултат на потонувањето на чамец со илегални мигранти на отворени води кај градот Сфакс, кој се наоѓа во јужниот дел на Тунис, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на официјалната новинска агенција на Тунис, ТАП, потонал чамец со илегални мигранти со потекло од Африка на отворени води кај градот Сфакс, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. Во несреќата загинаа најмалку 70 лица.

Се вели дека 16 мигранти биле спасени од страна на рибарите во регионот, а се претпоставува дека чамецот тргнал од Либија.

Во тек се операции во морето за пребарување и спасување.

You may also like