Авганистанско семејство со две девојчиња близнаци најде засолниште во Турција. Една од нивните две ќерки, кои на година дена го изгубиле значителениот процент на вид, успешно е оперирана во Турција и и повторнбо вратен видот, објави агенцијата Анадолу (АА).
Благодарение на поддршката од Министерството за здравство на Република Турција, Зохрех Ахмади беше подложена на трансплантација на рожница и повторно и се врати видот. Близнаците од семејството Ахмади се разболиле уште на една година и изгубија значителен процент од видот. Бидејќи тие не беа во можност да се лекуваат во Авганистан, семејството се пресели во Иран, а потоа во Турција, поточно во градот Невшехир.
Благодарение на поддршката на Канцеларијата на гувернерот Невшехир и Министерството за здравство на Турција, една сестрите Зохрех била префрлена во Анкара, каде што беше извршена трансплантација на рожница, врз основа на која се врати нејзиниот вид. Семејството во моментов чека да се пронајде рожница и за нивната втора ќерка Фатемех Ахмади. Мајката Калелех Ахмади изјави за АА дека нејзините ќерки имаат проблеми со видот веќе шест години и се задоволни што успеале да го решат овој проблем.

– Моите ќерки се разболеа додека имаа една година. Тие добија температура и ги однесов на лекар. Откако добија инјекција, ги затворија очите и не ги отворија цел месец. Отидовме во Иран за операцијата, но немавме пари за да го сториме тоа. Потоа дојдовме во Турција, тие ни помогнаа овде. Една од моите ќерки повторно гледа. Многу сме среќни и ви благодариме на сите во Турција кои ни помогнаа – рекла Ахмади.








