Истанбул: Голем број муслимани ја посетуваат наметката на пратеникот Мухаммед а.с

0
164

Во џамијата Хирка-и Шериф во истанбулската општина Фатих, за посетителите денес беше изложена наметката на пратеникот Мухамед, и која верниците ќе можат да ја видат за време на светиот месец Рамазан, јави агенцијата Анадолу (АА).

Од утрото на влезот во џамијата се формирани долги колони на верници кои сакаат да ја видат Хирка-и Шериф наметка на пратеникот Мухамед а. кој по негово инсистирање побарал подоцна таа да му биде дадене на Вејсел Карани и која представува една од важните свети предмети што се чуваат во Истанбул.

Дел од џамијата, каде што е изложена наметката, се отвора секој петок во месец Рамазан, а оние што сакаат да ја видат тоа ќе можат да го направат до 27-тата ноќ на Рамазан, а потоа овој дел се затвора еден ден пред Бајрам.

Во оваа пригода денеска во Истанбул се одржа свечена церемонија, на која присуствуваа истанбулскиот муфтија Хасан Камил Јилмаз, директорот на Канцеларијата за култура и туризам во Истанбул, Коскун Јилмаз, началникот на општина Фатих Ергун Туран, и Барис Самир, потомок на 59-тото колено на Вејсела Карани.

Вејсел Карани е роден во периодот на оснивањето на исламот, го прифатил исламот и никогаш не го видел Мухамед а.с. туку еден од неговите асхаби.

Иако сакал да го види Мухамед а., Вејсел Карани не можел да ја напушти болната мајка, па затоа не можел да го напушти Јемен, каде што живеел, сепак Мухамед а.с. му укажал чест.

Пратеникот порачал неговата мубарек наметка да му ја подари на Вејсел Карани. Хазрети Омер и Хазрети Алија се сретнаа со Карани додека клањале намаз во една од долините на Јемен и му ја предадле неговата наметка со селам од Аллаховиот Пратеник.

По смртта на Карани, наметката беше донесена во Истанбул на почетокот на 17 век. Потомците на Карани кои тогаш живееле во истанбулскиот кварт Фатих, наметката за посетителите ја изложувале во нивниот дом до 1851 година, кога Султанот Абдулмеџид наредил да се изгради Хирка-и Шериф џамијата во која ќе се чува наметката на Мухамед а.с.

Извор:Anadolija