Полицијата во Шри Ланка уапсила две лица после синоќешниот вандалски напад на муслимански продавници и автомобили во градот Негомбо.
Исто така, полициски представници соопштија деја група на напаѓачи воглавном припадници на католичката заедница, каменувале неколку деловни простории и автомобили во сопственост на муслимани.
Во текот на изминатата ноќ во Негомбо бил прогласен полициски час, а станува збор за град во кој се наоѓа една од трите католички цркви кои минатиот месец беа поприште на терористички напади во кои загинаа повеќе од 250 лица.
Портпаролот на полицијата Рувен Гунесекара, утринава соопштил дека полицијата воспоставила ред на улиците на Негомбо.
Локалните медиуми јавуваат дка во вандализмот а муслиманските имоти учествувале повеќе од 400 наоаѓачи, и дека повеќе лица се повредени во текот на инцидентите.
Утринава во посета на Негомбо допатувал и кардиналот Малколм Рањит и лидери на муслиманската заедница, како би го повикале локалното население на мир и соживот.











