Шеикот Мактум бин Мухаммед, заменик владетел на Дубаи, ја отвори џамијата Шеик Рашид бин Мухамед во Ал Кузу. Џамијата е наречена по шеикот Рашид бин Мухамед бин Рашид Ал Мактум, рахметли син на шеикот Мухамед бин Рашид, владетел на Дубаи. Шеикот Рашид почина во септември 2015 година од последици на срцев удар.
Комплексот на зградата на џамијата, кој се простира на 38.000 квадрати, има библиотека, школа за учење Кур`ан и сала наменета за верниците.
Џамијата во Ал Кузу една е од неколкуте џамии која е изградена во знак на сечавање на починатиот владетел на Дубаи и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати.




















