Претседателот на ДИК Оливер Дерковскина прес конференцијата вечерва му честиташе на кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски изразувајќи надеж дека тој ќе ја извршува функцијата успешно во следните 5 години.
Дерковски се заблагодари на двајцата кандидати за коректната кампања, иако рече дека последните денови најверојатно поради замор дале несериозни изјави.
Најмногу Дерковски се заблагодарина граѓаните за достоинствениот изборен процес.
Според податоците на веб страницата на ДИК од обработени 98,42 отсто од гласовите, Пендаровски освои 51,72 отсто од гласовите или 428.636 гласови, додека Гордана Сиљановска Давкова освои 44,68 отсто или 370.256 гласови.
Неважечки се 29.855 ливчиња или 3,60 проценти.
Дерковски најави дека ова се првичните неофицијални резултати и дека во текот на ноќта очекуваат да бидат обработени и преостанатите податоци, по што за утре најави нова прес конференција со целосни податоци. Со тоа почнуваат да течат роковите за евентуални приговори.











