Земјотрес во Скопје почувствуван рано утринава

0
125

Утринава во 05 часот и 58 минути регистриран е земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Извор:НоваТВ