Денес во Турција официјално се отвори најголемата џамија „Големата џамија Чамлиџа“. Изградбата на комплекс џамијата започна пред 6 години во Истанбул и тука истовремено ќе можат да клањаат 63 илјади луѓе.
На свеченото отворање на џамијата која со манифестација се одржи по петочниот намаз (џума) присуствуваше и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
На свеченото отворање исто така присуствуваа голем број домашни и странски гости.
Предвидено е во текот на целиот ден во џамијата да се чита Кур`ан.
Големата џамија Чамлица која е изградена во османлиско-селџучки стил и е интегрирана со денешните компоненти стана нов симбол на градот.
Величествената здание на џамијата може да се види од сите делови на Истанбул и како резултат на монументалноста, објектот содржи некои нумерички големини кои доликуваат на овој монументален објект.
Почнувајќи од влезот во џамијата имате чувство дека се наоѓате во некоја султанска џамија селатин, поради што секој дел на џамијата е осмислен до најситни детали.






















