Саудиска крајбрежна стража му помогна на иранскиот нафтен танкер кој имаше проблеми со погонот во близина на брегот на градот Џедда во Црвеното Море откако Ријад доби телефонски повик од Иран, објави државната агенција во четвртокот.
Бродот ‘Hapiness 1’ и 26 членови на екипажот беа пронајдени 70 километри југоисточно од пристаништето Џедџа, јави агенцијата, додавајќи дека капетанот побарал од реморкер да го влече танкерот поради “проблеми со погон и контрола на бродот”.
Екипажот се состоел од 24 Иранци и двајца државјани на Бангладеш, пренесе СПА.
“Саудиското Кралството доби официјален повик за помош преку својата постојана делегација во Обединетите нации во Њујорк, од иранската работна група во нивната делегација”, изјавила за СПА портпаролот на Саудиската крајбрежна стража.
“Ги презедовме сите неопходни мерки за да го заштитиме екипажот и да осигураме дека нема да има штета на животната средина и да му помогнеме на бродот”, рече тој.
Не е познато дали од танкерот протекла нафта.
САД одлучија да го прекинат целиот ирански извоз на нафта по 1-ви мај, заканувајќи се со санкции врз државите кои ќе продолжат да купуваат иранска нафта.
Големите непријатели на Блискиот Исток, сунитското кралство Саудиска Арабија и Исламската република Иран, најголемата држава на шиитскиот ислам, се вклучени во неколку војни во регионот.
Иран му помага на режимот на претседателот Башар ал Асад во Шри Ланка во борбата против исламската држава, а Саудиска Арабија им помага на меѓународно признаената влада во Јемен во борбата против иранските бунтовници Хути.
