Земјите од регионот, кога станува збор за платите, се далеку од развиените земји на Европската унија.
“Радио Слободна Европа”, представи графика која ги прикажува просечните плати во земјите од нашиот регион. Сепак, на графичкиот приказ ја нема Словенија.
На листата предначи Хрватска со просечна плата од 842 евра. Следува Црна Гора со просечна плата од 511 евра, додека Босна и Херцеговина има просечна плата од 454 евра.
Просечната плата во Косово изнесува 442 евра, што е 22 евра повеќе отколку во Србија.
На последното место на наведените земји, се наоѓа Македонија, каде што просечната плата изнесува 395 евра, што е заповеќе од два пати помалку отколку во Хрватска.
Меѓутоа, ако од земјите на поранешна Југославија се земе во предвид Словенија, исто така би било очигледно дека и Хрватска заостанѕва зад неа. Имено, во август минатата година просечната нето плата во оваа земја изнесува 1,082 евра. Во ноември, минатата година Словенците донесоа одлука во наредните три години минималната плата од 638 евра да ја зголемат на 736 евра.
Извор:Vijesti.ba











