Како што опширно пишувавме минатата ноќ, самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој претходно го од домашен притвор го ослободи својот лидерот на партијата, Леополд Лопез со помош на неколку војници и платеници се обиде да ја преземе воената воздухопловна база “Ла Карлота” во Каракас. Базата се наоѓа во дефанзивната тврдина на главниот град на Венецуела, Шакао.
Иако Гуаидо во првото обраќање извести дека тој бил во кругот на базата и дека војската се преминала на негова страна, подоцна се покажало дека се јавува од големата сообраќајна спојка, раскрсница на авенијата Алтамира, која се наоѓа во близина на воздухопловната база.
На неговиот повик, неколку стотици негови приврзаници се собрале во близина на воениот објект, кои започна да ги напаѓаат безбедносните сили кои ја бранеле базата.
На надвозникот на расксрницата Алтамира се распоредила помала група војници лојални на Гуаидо, кои разменувале оган со припадници на вооружените сили. Пучистите биле вооружени со американски полу-автоматски карабини AR-57 со придушувачи.

Меѓутоа, во текот на денот и навечер немало масовно собирање на народ, и оваа група била разбиена и обидот за воен удар бил осуетен.
Бидејќи нападот врз базата “Ла Карлота” бил следен со голема медиумска поддршка од западните медиуми, ширејќи дезинформации, вистината била можно да се дознае благодарение на каналите RT Actualidad и TeleSur кои настаните во живо ги пренесувале на своите Јутјуб канали.
Речиси ниту еден медиум кој со пропаганда го поддржуваше пучот, не објави снимка од одзивот на приврзаниците на Мадуро, кои на повик на владата, се упатија кон претседателската палата Мирафлорес. Црвена плима започнала да се слева и забрзо ја заокружи претседателската палата за да го одбрани легитимен претседател на Венецуела.
Исто како што се случи во 2002 година, кога Хуго Чавез беше соборен за речиси 48 часа, венецуелските цивили и војската осуетија уште еден државен удар, кои се обидоа да го спроведат оние кои власта не можат да ја добијат со демократски средства.
ВИДЕО – Приврзаниците на Мадуро, кои вчера биле околу Палатата Мирафлорес .
Државниот удар не успеа. Додека народот се собирал околу претседателската палата, вистинскиот лидер на нападот Леополдо Лопез со неговата сопруга пребегнал во Амбасадата на Чиле во Каракас. Некои од воените дезертери, отценувајќи дека нема да можат да ја заземат базата “Ла Карлота”, побарале азил за бразилската дипломатска мисија. Ова беше потврдено од страна на АФП и дипломатската мисија во Чиле во Каракас.
АФП објави дека најмалку 25 венецуелски војници аплицирале за азил во бразилската амбасада во Каракас, што вчера го потврдил висок бразилски претставник.
Портпаролот на бразилскиот претседател Хавиер Болсона изјави дека барателите на азил се војници и поручници. Тие се одлучија за бразилската дипломатска мисија, бидејќи “Болсонаро” во текот на целиот ден го поддржал “народот” на Венецуела за “соборување на диктаторот”, мислејќи на претседателот Николас Мадуро.

“Бразил е на страната на народот на Венецуела, претседателот на Хуан Гуаидо и слободата на Венецуела. Ние ја поддржуваме слободата на сестринската нацијата да живееме во вистинска демократија”, изјавил Болсонаро во серијата најави на Твитер.
Бразилскиот министер за надворешни работи, Ернесто Араујо, ја повтори поддршката на неговата земја за “демократска транзиција” и изрази “надеж дека венецуелската армија ќе биде дел од овој процес”.
Меѓутоа, дури и АФП признава дека е очигледно дека внимателно планираниот обид на Гуаидо да добие воена поддршка во вторникот се распадна во немирите во главниот град на Венецуела, заради што луѓето се воздржаа од масовна поддршка за самопрогласениот претседател.
Зборувајќи за “нередите”, АФП најверојатно мисли на пукањето околу базата “Ла Карлота” и нападите на приврзаниицте на Гуаидо со огнено оружје и молотови коктели на Армијата и Боливарската национална гарда.
Вистинскиот лидер на пучот Леополдо Лопез пребегнал во амбасадата на Чиле, подоцна во Шпанија

По неуспехот, барем да оствари победа во општината Чакао, од каде што било планирано да се прошири бунтот низ главниот град, Леополдо Лопез, вистинскиот водач и лидер на партијата Voluntad Popular,која во негово отсуство ја предводеше Хуан Гуаидо, се засолна во амбасадата на Чиле во Каракас. Сите овие вести укажуваат на неуспехот на државниот удар.
Лопез е во притвор од 2017 година, но вчера беше забележан со Гуаидо, кој во јануари се самопрогласи за “привремен претседател” на Венецуела.
Леополдо Лопез, по демонстрациите во Венецуела во 2014 година, беше уапсен и обвинет за поттикнување, заговор, убиство и тероризам. Дел од обвиненијата беа отфрлени, но беше прогласен за виновен за поттикнување на насилство во септември 2015 година и осудени на речиси 14 години затвор. Од јули 2017 година тој беше во домашен притвор, додека во вторникот утрото не се појави во јавноста.
Заради наредба на армијата да биде целосно воздржана против цивилите, вчера, за среќа, немало мртви. Најмалку 50 лица биле повредени, а 11 биле уапсени за време на немирите.
Вчера попладне, чилеанскиот министер за надворешни работи, Роберто Ампуро, објави дека Лопез, и неговата сопруга Лилијан Тинтори и нивната ќерка биле “гости” на дипломатската мисија во Чиле во Каракас, додавајќи дека “Чиле ја потврдува посветеноста на демократите во Венецуела”.
Подоцна, во вторникот, Лопез и неговата сопруга се преселија во амбасадата во Шпанија, изјавил Ампуеро, додавајќи на Твитер дека станува збор за “лична одлука” на брачниот пар роден во Шпанија.
Бегството на Леополд Лопез и неговото семејство укажува на тоа дека Гуаидо се обидел да ја освои Венецуелската војска и полицијата со поддршка од Вашингтон, но огромното мнозинство на безбедносните сили очигледно остана лојално на претседателот Николас Мадуро.
Доналд Трамп жестоко се заканува со санкции и целосно ембарго на Куба.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по вчерашниот пропаднат воен удар, прво му се закани на Куба со “целосно и целосно ембарго на Куба, заедно со највисоките санкции”, доколку Хавана не ја запре својата наводна поддршка на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Истото и го вети и на Венецуела, на која веќе ги примени сите можни санкции, и единствено преостанува уште само поморската блокада на земјата, ама тука има руски офицери и војници, што би било прилично ризичен потег.
Немоќта Вашингтон вчера вчера се виде и во лагата на државниот секретар Мајк Помпео кога на медиумите им изјави дека Николас Мадуро бил на пат кон Куба. Претседателот на Венецуела ја отфрли изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека речиси пребегнал во Куба, но ама дека Русите од тоа го одвратиле.
Москва ова ги нарече како “лажни вести” на недостојни на американски дипломат од највисок ранг.
Гуаидо им се обрати на приврзаниците од непозната локација: “Борбата продолжува и армијата е на наша страна”

Вечерва после полноќ, Хуан Гуаидо од непозната локација и од празната соба им се обратил на неговите приврзаници по пат на Твитер и Јутјуб, повикувајќи и денес да продолжат со операцијата за слобода.
Гуаидо ги повика приврзаниците да продолжат да протестираат и денес, истраејќи “дека армијата е на негова страна”.
“Денес ја започнавме последната фаза од операцијата Слобода. И утре ќе продолжиме со повеќе дух од било кога “, изјавил Гуаидо доцна вечерта во вторникот во видео-порака објавена на неговите профили на социјалните медиуми.
“Знаевме дека почетокот нема да биде лесен, ама покажавме дека има војници кои се подготвени да го бранат уставот, а има и многу други”, додал самопрогласениот “привремен претседател”, одбивајќи да признае дека за време на целиот ден на насилни улични протести, венецуелските офицери во голема мера му останале верни на Мадуро.
ВИДЕО – Обраќање на Гуаидо и повик за продолжување на “Операцијата Слобода”
Накусо, обидот за насилно соборување пропадна, воената база беше одбранета, неколкумина војници избегаа и побараа азил во бразилската амбасада, Леополд Лопез и Лилијан Тинтори побегнаа во Амбасадата на Чиле, подоцна во Шпанија, а Хуан Гаудио се крие некаде во Каракас и истакнува дека е врховен командант на венецуелските вооружени сили и дека борбата продолжува.











