Моника Селеш можеше да биде најголемата тенисерка на сите времиња, ама тој не и ‘дозволи.
Новосадската тенисерка пред 26 години, на денешен ден со нож беше нападната на теренот.
Моника Селеш во Хамбург беше нападната од Гинтер Парке, Германец кој тогаш на најдобрата тенисерка на планетата и заби нож во грбот.
Малата Мо од тој момент никогаш не се опорави психички, иако по неколку недели беше физички во ред.
Германецот изјавил дека не можел да поднесе Селеш толку лесно да го победува неговиот идол Штефи Граф.
А, каква беше доминација од 1990 година кога со 16 години го освои Ролан Гарос, за три години стигна осум Гренд Слем, а имаше само 19 години!
Подоцна во 1996 година успеа да го освои и Австралискиот опен, ама остана дилема дали нападот на Парке го спречи создавањето на најголемата тениска приказна во историјата.










