Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, денес ја повика венецуелската армија да го поддржи лидерот на опозицијата Хуан Гаидо и неговите напори за соборување на претседателот Николас Мадуро.
– FANB мора да го заштити уставот и венецуелскиот народ. Тој мора да застане со Националното собрание и легитимните институции против узурпирањето на демократијата. САД стои со народот на Венецуела – објави Болтон на својот Твит профил, нарекувајќи ги вооружените сили официјалниот акроним ФАНБ.
Гуаидо изјави дека ја започнал “последната фаза” од својот план за соборување на Мадуро, барајќи од народот од Венецуела и од армијата да го поддржат во неговите напори против “Узурпацијата на власта од страна на Мсадуро“, објави агенцијата Ројтерс
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










