На 29-ти овој месец, во 19:30 часот, на паркинг простор во близина на плоштадот „Крушевска Република“, нарушен е јавниот ред и мир.
– 35-годишниот Д.Г. од Вевчани физички го нападнал 46-годишниот Н.С., вработен во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од Охрид. Д.Г. упатувал навреди и закани кон полициските службеници. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива/Охридпресс









