(Дубаи – Портал) – Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а на реисот е да им служи на граѓаните од Исламската верска заедница. Рече дека треба да соработуваат меѓусебно и дека никој не треба да се меша во политиките на верските заедници.
„Владата нема да се меша во верските заедници, па така е и во ИВЗ. Од министерот Спасовски знам дека беше побарана асистенција, имаше испратено 3 полицајци. За нас, поглавар е оној што го утврдува уставот и законите на Исламската верска заедница. Владата нема да се меша, јасен е секуларниот карактер на државата. Вчера, МВР било повикано од двете страни, постапиле внимателно. Луѓето си ги кажаа аргументите“, нагласи Заев и додаде дека не е повикан за да коментира кој е реис.
„Ја прочитав пресудата, но ако коменирам, ќе значи политичко мешање“, рече Заев по обвинувањата од Сулејман Реџепи дека Владата е виновна за превирањата во ИВЗ.
На прашањето кој ќе се сретне со папата како поглавар на ИВЗ, Заев рече дека за него е закон и устав како ќе си изберат верниците на ИВЗ.
Mahir Demişoski









